И Гаши замина за Америка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши престојува во Вашингтон, САД, каде што ќе учествува на Парламентарниот самит на НАТО, во рамки на Самитот на Алијансата, по повод 75-годишнината од нејзиното формирање.

„Самитот е во организација на Парламентарното собрание на Алијансата и ќе се одржи утре (9 јули), а покрај претседателот на Собранието на РСМ, поканети се и претседатели на парламенти и шефови на делегации во ПС на НАТО од сите други земји членки. За време на настанот, претседателот Гаши утре ќе има свое обраќање. На овој самит учествува и пратеникот Миле Талески, како в.д. претседател на Делегацијата на Собранието на РСМ во ПС на НАТО. Во текот на посетата на Вашингтон, предвидени се повеќе билатерални средби на претседателот Гаши со странски државници и високи американски претставници“, соопштија од Собранието.

08.07.2024 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега