Хорор во Штип: Болничар допирал малолетничка која одела на пракса

 

На 24.03.2025 во 17.05 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Ј.(60) од Штип.

Тој се сомничи дека на работното место болничар во Клиничка болница Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.

Тој е задржан во полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

25.03.2025 - 19:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега