Андреј Лазаров не бил во дискотеката во Кочани, тој отишол да спасува други и починал
Девет дена по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани кадешто 59 лица ги загубија животите се појавуваат нови детали. Меѓу загинатите е и поранешниот фудбалер на ФК Шкупи, Андреј Лазаров (25), медиумите сега објавија дека Лазаров таа вечер не бил во кобниот ноќен клуб.
Имено, Лазаров бил во Кочани во посета на семејството, а кога слушнал за пожарот отишол таму да им помогне на повредените. По спасувачката акција тој завршил во болница, а иако првично беше објавено дека е надвор од животна опасност, состојбата наеднаш се влошила и починал како последица од труење со јаглерод моноксид.
Лазаров претходно играше за Горица, Хрватска 14 пати во првата лига, од кои осум сезонава. За Рудеш одигра 13 натпревари со еден гол, а во септември минатата година од замина во Шку
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа