Хорор рано утрово во Охрид: Пронајден избоден маж на улица

 


Утрово во 05:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата .„Партизанска“ во Охрид е пронајдено машко лице со повреда од остар предмет.

Лицето е пренесено во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет и за расчистување и документирање на случајот.  

14.09.2025 - 12:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега