Хаос во Тетово: Им извадил нож од кола - го искршиле од ќотек

 

На 05.09.2025 година во 22:05 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, ги лишиле од слобода М.Б.(44) и Х.Б.(33) од с.Порој, постапувајќи по претходна пријава дека по расправија околу паркирање на возило, физички го нападнале А.С.(35) од Тетово и му го оштетиле неговото патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистерски таблици. Исто така, на 06.09.2025 година во 00:30 часот во Клиничката болница Тетово, откако му била укажана лекарска помош, бил лишен од слобода и А.С., кој откако бил физички нападнат од М.Б. и Х.Б.,  од неговото возило зел нож и им се заканувал,  а откако бил спречен од полициските службеници, агресивно се однесувал кон нив. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

06.09.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега