Хаос во казино во Радишани: Добил пари на рулет, па го натепале и го ограбиле
Вчера околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едно познавал, физички го нападнале и му одзеле пари.
Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото, по што за кратко време го викнал вработениот од обезбедувањето во канцеларијата, каде што дошле лицата и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
17.04.2025 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа