Хаос на познато грчко летувалиште: Се степаа туристи, претепани и полицајци
На популарниот грчки остров Миконос, сцени како оние од криминалистичките филмови ја вознемирија јавноста.
Група пијани италијански туристи се судрија едни со други пред ресторан за брза храна, а кога полицијата се обиде да ги смири, тие ја нападнаа и полицијата, по што избувна општа тепачка.
Миконос е една од најпосетуваните туристички дестинации во Грција, позната по својот луксуз и богат ноќен живот. Сè започна кога две групи италијански туристи се скараа пред ресторан за брза храна.
Гласната расправија брзо прерасна во физичка пресметка, која го привлече вниманието на минувачите и полицијата. Кога полицијата се обиде да интервенира, наиде на неочекуван отпор - туристите се свртеа кон нив, одбивајќи да се смират, па дури и физички ги нападнаа.
- Ситуацијата беше хаотична. Полицијата се обиде да ги сопре туристите, додека тие возвраќаа со удари и се обидуваа да избегаат - изјави познатиот грчки јутјубер Христос Јанелис, кој бил сведок на настанот и го снимил целиот инцидент.
По неколкуминутна интензивна борба, полицијата успеа да ги совлада главните учесници во конфликтот. Туристите беа врзани со лисици и однесени во локалната полициска станица, со што конечно се стави крај на инцидентот што го вознемири целиот центар на островот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа