Хакери пустошеле сметки во Скопје: Одземени 1040 евра и 665 долари преку непознати апликации

 


Вчера во СВР СКопје во два одвоени случаи лицата С.Б.И. (32) и А.Н. (65) од Скопје, пријавиле дека од нивните платежни картички од две банки во Скопје биле направени трансакции преку апликации што воопшто не ги познавале, при што од платежна картичка на С.Б.И. во седум трансакции од сметката и биле одземени 1040 евра, додека од платежна картичка на А.Н. исто така биле направени седум транскации во кои што му биле одземени 665 американски долари.

Од страна на ЕЕКК сочинети се записници за примање пријави по член 251 од КЗ на РСМ, и се работи на расчистување на случаите.

03.05.2025 - 15:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега