Х е погоден од масовен сајбер напад

 

Социјалната мрежа Икс е погодена од „масовен сајбер напад“.

Според шефот на платформата, Илон Маск нападот бил извршен „со многу ресурси“.

„Имаше (сè уште има) масовен сајбер напад против Х. Ние сме напаѓани секој ден, но ова беше направено со многу ресурси. Или е вклучена голема, координирана група и/или земја. Следиме…“, напиша Маск.

Околу 40.000 корисници изјавија дека не можеле да пристапат до платформата попладнево, според податоците од веб-страницата за следење Downdetector.com.

10.03.2025 - 19:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега