Гужва на Табановце и Богородица, проверете колку време се чека

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти АМСМ.

Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

„На граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. На граничниот премин “Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во соопштението од АМСМ.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

Воедно од МВР соопштија дека дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.

01.07.2024 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега