Груевски во детали го открива формирањето на СЈО и улогата на Заев и Трајанов

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук напиша подолг статус со кој открива детали за формирањето на СЈО.
„ЗОШТО БЕШЕ ПРИФАТЕНО ФОРМИРАЊЕ НА СЈО?
СО КОИ МЕТОДИ ЗАЕВ ЛИЧНО ГИ РАКОВОДЕШЕ АКТИВНОСТИТЕ НА СЈО?
(Павле Трајанов, Зоран Заев, Мартин Протогер…)
Пред малку дознав од еден пријател дека пред неколку дена Павле Трајанов на некој поткаст кажал дека Зоран Заев ја правел селекцијата на СЈО кој да биде прогонуван и за што.
Тој исто така кажал дека сум погрешил што сум прифатил пржински договор и формирање на СЈО.
1. Првата негова поента за дефакто водењето на СЈО (и судот) од страна на Заев е веќе добро познато и јавноста. Граѓаните и политичарите се веќе одамна запознаени со тој факт и тоа е вистина. Сепак, јавното сведочење и потврда за тоа на Павле Трајанов, како тогашен коалиционен партнер на Заев и државен функционер во таа влада, дава одредена дополнителна тежина на овие одамна познати работи.
Не само тоа. Заев како марионетски поставен премиер во тоа време од 31 мај 2017, по превртот во државата направен во тоа време главно со подршка од надворешни фактори, иако надгледуван, имаше делегирано голема моќ и одврзани раце од оние кои го донесоа на таа позиција, па освен кој и за што да се гони и да се прогласи виновен, тој ги одредуваше и годините затвор кои обвинителството требаше да ги побара, а судијата требаше некому да ги додели, темпото на судење во моменти кога му се брзаше за некој случај и прогонета личност, кој и кога да влезе и излезе од притвор и слично.
Кај некои од жртвите на политичкиот прогон тој имаше една неверојатно шизофрена улога. Најпрвин по негова директна инструкција се притвораа некои од нив, па потоа кога блиските на истите по разни канали бараа спас да ги извлечат од мизерните услови во незаслужениот притвор, тој беше “добриот што треба да му се памети добрината” кој ги примаше, сослушуваше, “сочуствуваше” и кој по долги молења и разговори ги ослободуваше. И не го криеше во разговорите тоа. Сето ова го знам од прва рака од луѓето кои од мака и безизлез се среќавале со него.
Но, во сите такви случаи лично и директно на најголем дел од нив тој поставуваше услов, што е еден вид уцена, притворените за возврат да дадат (невистинита) изјава во обвинителството и во судот против Никола Груевски и со тоа практично да станат негови соработници. Некој прифатил, некој не. Тоа се моменти кога н вистински тест се крактерите на луѓето. Нема посовршен тест од тоа.
Имаше и такви кои си одеа на превентивен разговор кај Заев, кога уште не се во притвор, а проценуваат дека може да се на неговата листа.
Дел од нив толку често, што умилкувајку му се, се спријателија со него и дури совети му даваа, па имаше такви на кои тој за противуслуга им бараше не само да дадат изјава против мене во обвинителството, туку да пробаат да ги убедат сите други обвинети во случаите каде бев јас, да дадат инкриминирачки изјави против мене.
Некогаш таквите брања ги испорачуваа други високи функционери овластени од него. Се сеќавате на аудио снимката на Ден Дончев, тогаш директор на ФЗОМ кога на согооврникот му раскажува како извршил притисок на еден министер од мојата влада условувајќи го за да нема лични проблеми, да даде изјава против мене: “Се согласи да даде лоша изјава против Груевски”, годо поентираше Ден Дончев, соселанин на Заев и мешетар кој промени повеќе партии и политички структури, кого потоа на видео го видовме како во кеш ја собира нагрдата за својот труд за “нацијата”.
Во некои случаи Заев директно или преку посредници им бараше изнудени признанија односно признавање на непостоечка вина, за не сторени работи, со ветено доделување само условна осуда (што значи нема да биде ставен во затвор), а со цел да ми наштетат на мене и на другите во постапката и со тоа да ги зајакнат позициите на обвинителството, бидејќи немаа никакви сериозни позиции односно докази, и така да си ја купат неговата милост, како неформален врховен одлучувач во одредување на обвиненијата, пресудите и притворите, но и карирените унапредувања или разрешувањата на судиите и обвинителите. СЈО само послушно следеше насоки, дел од нив преку шефицата на СЈО која самата потоа заврши во затвор, а дел од нив директно комуницираа со него и се фалеа со пораките од Премиерот пред други луѓе.
Како и да е обвинителството и судот имаа проблем. Поминаа година-две одкако веќе бев заминал од Македонија, судењата одамна течеа, некои и од почеток се повторуваа, а тие немаа елементарен доказ против мене и против најголем дел од обвинетите, или каков и да е сведок што нешто ќе каже во корист на лажните обвиненија.
Се им се потпираше само на силн медиумската пропагандна подршка и контрола на правосудниот систем. Моќта произлегуваше освен од самата функција, и од подршката од надвор, што за тие обвинители и судии беше најголемиот “доказ” за некого да осудат. За да биде сликата појасна, надзорник на пониско ниво од една надворешниот фактор го обиколување судот повремено, обвинителите одеа во неговите канцеларии на сослушување. Подоцна слушнавме дека “надѕорникот” преминал во приватниот сектор, но претпоставувам го заменил некој друг.
А докази и сведоци не само што нема, дури напротив, најголем дел и од сведоците предложени од СЈО даваа изјави во моја полза и во полза на другите жртви во процесите.
Тоа му создаваше не спокој на Заев, и покрај тоа што беше свесен дека каква и казна да одреди тој, обвинителството и судот на сите инстанци ќе прифатат беспоговорно.
Неколкумина меѓу кои и мојот поранешен шеф на кабинет Мартин Протоѓер, за кој сега се зборува дека наводно се подготвувал да биде дипломатски придружник во една држава, поранешниот заменик министер за правда Билјана Бошковска Бришковска, но и неколку други, мошне ревносно и активно се посветија на таа дејност на директна и превентивна комуникација и умилкување на Заев, со цел да не ги стави Заев во затвор и посветено и секојдневно работеа одејќи од обвинет до обвинет, убедувајќи ги да ја истргуваат нивната сигурна слобода со калемење вина на мене. “Така ние ќе се спасиме, а Груевски и онака нема никогаш да се врати”, ги убедуваше преплашените обвинети сеуште “авторитетниот” Протуѓер заради позицијата која му ја бев доделил во минатото.
Нема врска што и тие, и убедувачите и убедуваните, немаа некоја вина за што ги судеа во тие политички нарачани хајки. На сите им беше јасно дека не е важно дали си крив или не си крив, ако си на листата за отстрел на Заев. Такво време беше тоа, бидејќи како што кажал Павле Трајанов, Заев лично неформално управуваше со обвинителството и судот, а и сега според информациите сеуште има големо влијание.
***
2.Но, за второто што го кажал Павле Трајанов, дека не сум требало да го прифатам пржинскиот договор и СЈО, не можев да поверувам дека навистина Павле го кажал тоа. Ајде да го кажел некој граѓанин, кој не ги знае околностите индеталите од тоа време, да разберам некако. Ама Павле…?!
Зошто? Токму неговото, на Павле Трајанов и на Лилјана Поповска напуштање на владиното мнозинство не остави без мнозинство во парламентот во таа 2015 година, што беше клучната причина зошто прифативме пржински договор и особено специјално јавно обвинителство.
Можеби другите негови и на Љ.Поповска прелетувања од еден во друг политички табор низ годините со цел да останат на власт, немале некакво крупно влијание на иднината на земјата, на граѓаните и македонската нација, но она во 2015 година имаше огромно, би рекол решавачко влијание.
Ние ги издржавме сите притисоци за СЈО, вклучително и директните телефонски јавувања на В.Нуланд и други преставници на меѓународната заедница, кои беа во правец да се прифати СЈО.
Но во еден миг, една вечер после целодневни дебати во Пржино, кога веќе Павле Трајанов и Лилјана Поповска беа престроени, дојде тогашниот амбасадор на САД - Џес Бејли, заедно со Али Ахмети и Мендух Тачи, во собата каде бевме ние шестмина од ВМРО-ДПМНЕ. Амбасадорот со неговиот преведувач седна околу метар-два зад нив, демек тие се преговарачите а не тој, тие седнаа пред него, а наспроти нас, очигледно двајцата под огромен притисок.
Првиот кратко ни кажа дека ако таа вечер не го прифатиме формирањето на СЈО, тие утредента ќе објават и ќе излезат од владата, а вториот само кратко додаде: “а ние нема да влеземе”. Во позадина се гледаше задоволното лице на амбасадорот.
Што ќе значеше тоа?
Тоа всушност ќе значеше, после прелетувањето на Павле и Лилјана, немање мнозинство во парламентот.
Во тие драматични денови за Македонија, кога се водеше специјална операција за рушење на власта со употреба на технички безбедносни системи, а со цел инсталирање на марионетска идеолошки прифатлива власт која меѓудругото требаше да испорача промена на името, идентитетот на Македонците и историјата на Република Македонија, драматични денови кои ја детерминира иднината на земјата и нацијата и сите случувања во следните девастирачки 7 години, мнозинството кое го бевме формирале го напуштија пратениците и водачи на коалициски партии Павле Трјанов и Лилјана Поповска.
Одкако заминаа од собата, ние шестмината, разговаравме, размислуваме, разменивме мислења, се чувме и со повеќе други членови на ИК.
Беше јасно дека ако не прифатиме, утредента ќе се реализира заканата, и веднаш ќе се види дека владата нема мнозинство, а веројатно брзо ќе има ново мнозинство. Во таква ситуација проценивме дека ќе имаат СЈО какво што ќе решат самите, закони какви што ќе решат самите, односно како што ќе им кажат да решат, и многу повеќе од тоа.
Така прифаќањето на СЈО беше маневар да добиеме на време, време во кое политички ќе делуваме во правец на надминување на ситуацијата како на домашен, уште повеќе и на меѓународен план од позиција на власт. Многу се поголеми можностоте и шансите како власт одколку како опозиција ставена на острел и од новата власт и од надворените фактори кои ја завршиле работата за да таа нов власт стане власт.
Така, оставени без клучната карта наречена “мнозинство во парламентот”, прифаќањето на СЈО беше единствен начин како партија да добиме на време. И добивме уште речиси две години за активности и борба за промена на ситуацијата особено на јасното надворешното влијание. Ангажиравме и логистичка куќа и ги направивме сите потребни чекори.
За жал, картите не беа наместени во наша полза и во полза на Македонија, меѓународните околности во меѓувреме не се променија, и покрај сите наши напори и обиди да влијаеме, а дадовме се од себе. Во тие две години вложивме огромен труд и напори.
Администрацијата на длабоката држава, Сорос, неколку супер моќни тајни служби и армија луѓе ангажирани од нив, другите меѓународни актери и многу пари (овие пари на УСАИД за кои се коментира во последните недели се само врвот на сантатата мраз), останаа зад своите зацртани позиции и веќе донесени одлуки за насилна промена на власта во Македонија и инсталирање на не народна власт со политичка марионета на власт по секоја цена. Во меѓувреме во САД се случија политички промени, но сите паметиме со што самите тие се соочуваа во својата држава во првите 1-2 години, па можеби и целиот мандат донекаде, и никој немаше време и сили да се фокусира на Македонија. Длабоката држава продолжи да го реализира зацртаниот проект.
Тоа што се случуваше во тие години (2015-2017) беше рамно на државен удар, само со поразлични средства и методи, во еден дел и време и насилни.
Но, да се вратам на моментот кога прифативме СЈО, а со тоа и пржински договор.
Ако нашето парламентарно мнозинство останеше компактно, ако Павле Трајанов и Лилјана Поповска не ја напуштеа коалицијата во тоа одлучувачко време за Македонија и македонската нација, немаше теоретски шанси да прифатиме СЈО ниту пак таков пржински договор.
Павле Трајанов е доволно искусен во политиката и сигурно го знае ова и го знаел и тогаш, како што добро знаел што направи најпрвин во август 2017 година кога не го крена својот глас и не го напушти кревкото владино мнозинство во предвечерието на потпишувањето и на гласањето на договорот со Бугарија во Скопје, кој пак договор даде легитимитет на понатамошните постапки на Бугарија, и во 2018 година кога јавно ги повика пратениците во парламентот да го подржат преспанскиот договор и промената на уставот предложени од Зоран Заев.
Затоа сум збунет што Павле Трајанов воопшто дава такви отценки, бидејќи беше директен актер и причина за прифаќањето на СЈО и таквиот пржински договор. Независно дали чекорот го направил заради притисок каков што видов со свои очи таа вечер што погоре ја опишав, или како и обично пред избори направил вообичаено пеестрокување за да продолжи да е власт, или комбинација на двете претпоставки, тој е последниот во Макеоднија што треба да кажува требало или не требало да се прифати СЈО“, стои во објавата на Никола Груевски.
25.02.2025 - 20:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа