Горивата поевтинуваат по втор пат неделава: Ова се новите цени

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 % во однос на одлуката од 3.03.2025 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,451 ден/кг и сега изнесува 43,501 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 7.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:


Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,501 (денари/килограм)

 

06.03.2025 - 15:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега