Горат куќи, викендички, ниви, стрништа - Старо Нагоричане во пламен

 


Пожари има на повеќе локации и во општина Старо Нагоричане. Горат неожнеани ниви, стрништа, но и објекти, соопшти денеска заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

- Пожар имаме во маало Трендајловци, село Младо Нагоричане, во близина на „Етносело“. Огнената стихија брзо се шири, бараме поддршка од сите соседни општини Куманово и Ранковце ама и таму има пожари. Има зафатено куќи, викендички, неожнеани ниви, стрништа, огромна површина, изјави Цветановски.

Екипите се на терен, но станува збор за рурална општина чија противпожарна единица има само две возила.

- На помош се и мештаните кои со трактори помагаат, дојдоа и луѓе од Куманово. Огромна површина, додава Цветановски.

09.07.2025 - 16:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега