Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишни извештаи за работата на Народниот правобранител, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап и на Агенцијата за администрација.
На дневен ред на Комисијата се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Годишен извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација, сите за 2024 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа