Го следат секој негов чекор: Зад автомобилот вреден 220.000 евра на Роналдо возеле двајца луѓе во црно
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо популарен е до таа мера што тешко некаде може да биде сам.
Неговото враќање во Англија повторно го стави во центарот вниманието во јавноста, многу повеќе за разлика од мирниот Торино, а најголема причина за тоа се и британските папарацо фотографи на кои очигледно дека им недостасувал фудбалерот, па така го следат секој негов чекор и „ловат“ потенцијални интересни работи поврзани со него.
Така претставниците на медиумите успеале да го фотографираат во текот на возењето кон тренинг во центарот на Манчестер, зад воланот на своето ново „Bentley“ вредно 220.000 евра, но тоа што привлекло големо внимание во јавноста се двајцата мистериозни господини кои го следеле возилото на Роналдо.
Секако, станува збор за двајца телохранители на ѕвездата на „црвените ѓаволи“ кои со него биле и во текот на играњето за претходниот фудбалски клуб, а кои сега го следат секој негов чекор на улиците на Манчестер.
Cristiano Ronaldo arriving at Carrington today, closely followed by his two bodyguards. #MUFC pic.twitter.com/t6hU6tDZNv
— United Update (@UnitedsUpdate) September 23, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа