Ѓорчев од Дојран: Владата ќе стои зад општина Дојран, заедно до повеќе проекти

 



Добар ден на сите, поздрав од Дојран, каде што еве имаме активности и средби со граѓани, средби со членството и приемот е навистина одличен.

Зборуваме за работи коишто се важни за Дојран, а тоа е дека поради катастрофално лошото владеење на СДСМ, овде со години веќе не работи хидросистемот за полнење на Езерото. Можете да видите тука, значи езерото и тоа како е повлечено. Тоа резултура да сега, на крај на јули, еве уште малку и почеток на август, има многу, многу малку туристи во Дојран.

Понатаму, има огромен проблем со водоснабдувањето. Значи, повисоките места немаат притисок, веќе слабо добиваат вода, туристичката сезона оди лошо, порача од Дојран Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи, сакаме да ги промениме работите. Сакаме на локалните избори во октомври да имаме и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме и советничко мнозинство, односно листа која што ќе добие убедлива поддршка. И на тој начин, заедно со Владата, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, да имаме огромен број на проекти коишто се важни за Дојран и за сите населени места во општина Дојран.

Така што, добри сме, мотивирани, позитивна атмосфера и одиме заедно. Одиме на победа во Дојран, одиме на победа во цела Македонија и уште повеќе работа, изјави од Дојран, Ѓорчев. 

29.07.2025 - 21:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега