Гаши: Годината што доаѓа нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава

 

Во пресрет на новогодишните празници, чувствувам дека е совршен момент да рефлектираме за она што го поминавме, како и да го отвориме патот за Новата година со нови можности, вели собранискиот спикер Африм Гаши во новогодишната честитка.

„Годината што ја оставаме зад нас имаше предизвици, но и суштински промени. Нашето Собрание, по политичката ротација годинава, имаше нов состав и динамика. Покажавме сериозен ангажман во зголемувањето на транспарентноста и парламентарната дипломатија.

Годината што доаѓа ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено и просперитетно. Сечија посветеност е клучна за остварување на нашите заеднички аспирации. Затоа, надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа идеална држава со нашите заеднички вредности“, вели Гаши.

31.12.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега