Гаши го посети обезбедувањето: Тројцата се повредени, мора да се направи автопатот побрзо
Попладнево сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид.
„Информираме дека сите тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди и моментално се во стабилна состојба. На нив им е укажана лекарска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
По пристигнувањето во Охрид, претседателот Африм Гаши се упати кон болницата и лично се увери за здравствената состојба на членовите на обезбедувањето.
Сообраќајните несреќи, особено во предизвикувачки временски услови и услови на патиштата, се несреќна реалност.
Безбедноста остануваат наш главен приоритет, и ние сме благодарни за брзата реакција на службите за итни случаи и лекарскиот тим“, велат од Кабинетот на Гаши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа