Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество
Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.
-Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ.
Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката.
Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници. -Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа