ФОТО: За 2000 денари го трансформирала своето купатило - поради една грешка сите ѝ се смеат

Жена со малку пари го реновирала своето купатило, па се пофалила, но вакви реакции не очекувала.
Една снаодлива мајка на Фејсбук група се пофалила како за малку пари односно 2000 денари го трансформирала купатилото.

Таа открила дека за тоа користела 8 пакувања самолепливи подни плочки од винил, кои чинат 150 денари.
„Ова е мојот под пред и после“, возбудено напишала жената, приложувајќи фотографии.
Меѓутоа, многумина ѝ се смееле што не ги залепила како што треба.

За оние кои можеби не забележале, таа не го вклопила добро дезенот на плочките.
„Не се сите свртени на една страна“, „не се добро наредени, знам дека не е тоа поентата и дека сите имаат различен вкус“, гласат некои од коментарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









