ФОТО: Уште трае спасувачката акција кај „Мавровка“ - човекот кој сака да се самоубие извади албанско знаме

 

Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Во моментот, како што јавија известувачите на МИА од терен, полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да го разубеди во неговата намера. Тој до него закачи и албанско знаме.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата.

На терен е и екипа на Брза помош. 

08.06.2021 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега