ФОТО: Тинејџер од Бугарија уапсен на граница, носел пиштол, муниција и ножеви

 

На Граничниот премин Ново Село, кон Р.Бугарија, вчера попладне полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Б.В.Г. (19) од Р. Бугарија.

-На прашањето дали има нешто да пријави, Б.В.Г. рекол дека нема ништо, но при преглед на возилото „фолксваген голф“, со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал, под возачкото седиште се пронајдени сигнален пиштол, една кутија од пиштол, три кутии со муниција за гасен пиштол, два ножа и други предмети, информира МВР.

Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

07.09.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега