ФОТО: Сообраќајка кај Калиманци - сообраќајот во прекин

 

Поради сообраќајна незгода во близина на Брана Калиманци, во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А3, на делницата Кочани – Македонска Каменица – Делчево. 

Во незгодата нема повредени лица, а според информации за МИА, прекинот ќе трае околу два часа. 

Сообраќајот се пренасочува по алтернативен правец преку селото Бигла

21.08.2025 - 12:46
Фото: 
МИА

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега