ФОТО: „Си го сакам старото лице назад, личам на чудовиште“ - ветеранка на естетка хирургија изгледа непрепознатливо

 

Ријалити ѕвездата Кејти Прајс (43) ја носи титулата „ветеран на пластична хирургија“, а неодамна отишла во Турција на нови козметички процедури по којзнае кој пат. Како и секогаш, Прајс ја понела својата екипа за снимање со цел да го претстави своето искуство пред публиката на „YouTube“.

Овој пат Кејти заминала во Турција на липосукција, кревање на очи и усни, липосукција на подрачјето под брадата и вбризгување маснотии во задникот. Ѕвездата денес, како што и самата признава, изгледа непрепознатливо и застрашувачко, пренесува „The Sun“.

„Ова е пекол, беше језиво. Кога заврши сè мислев дека изгледам како чудовиште од хорор филм. Бев убедена дека ќе умрам или дека на крајот ќе изгледам како некоја гадна кукла. Се разбудив полна со дупки и конци по телото. Само сакам да се врати старата Кејти“, изјавила таа.

Кети постојано повторувала дека повеќе не знае колку процедури има направено. Само операции на градите имала „околу 12“, а таа рекла дека ботоксот повеќе нема никакво влијание врз неа затоа што толку често го користела до својата 30 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vouch News (@vouchnews)

12.07.2021 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега