ФОТО: Се замонаши поранешниот амбасадор Ѓоко Ѓорѓевски - Сега е монах Георгиј
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот Свети великомаченик Георгиј – Криви Дол, Скопје”, се наведува во веста објавена на епархискиот сајт.
Тој го доби монашкото име Георгиј.
Фото: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа