ФОТО: Се карал со сопругата зошто се коцкал - Ова е таткото кој го одведе тримесечното бебе во смрт
Уапсениот Ј.К. сакал да се коцка, а поради тоа се скарал со сопругата среде возење. Ова за српскиот Курир го раскажала пријателка на семејството кое на 1. Март околу 14 часот и 15 минути имаше тешка сообраќајна несреќа кај Зрењанин во која за жал почина нивното тримесечно бебе, додека тројца возрасни и уште едно бебе се повредени.
Несреќата се случи на патот Зрењанин-Лазарево кога 20-годишниот Ј.К. кој возел автомобил марка Фиат, изгубил контрола и слетал во нива. Со него во автомобилот била неговата сопруга и бебе, како и сестрата на сопругата, нејзиниот сопруг и нивното бебе.
Пријателката за српските медиуми вели дека Ј.К. инаку сакал да вози брзо, почнал да претицува автомобили, но кога еден излегол пред него, немало време да реагира.
Се враќале од пазар и цел пат се карале со сопругата. Бебињата не биле врзани, а при несреќата една од жените испаднала од возилото.
- На сите им е тешко и само плачат, мајката на бебето кое почина е не лекови. Не е свесна што се случува. Допрва мора да средат документи за бебето, а тоа е во капела, вели извор.
Бебето кое преживеа е во тешка состојба и се бори за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа