ФОТО: Нема пардон за никого - и градоначалник лепи казни за тој што не си го крева возилото

 
Денес отпочна акцијата "Чист град 2025" која има за цел отстранување на хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини оставени на јавни површини.
Во рамки на првата фаза која е од превентивен карактер, утрово на над 100 возила им беа залепени известувања со кои на сопствениците им се дава рок за отстранување на возилата од јавните површини.
Во втората фаза ќе се преземаат репресивни мерки со изрекување на глоба од страна на Општина Велес и МВР-СВР Велес за оние кои не ги отстраниле моторните возила од јавните површини во дадениот рок.
Се замолуваат сите граѓани кои ги имаат оставени вакви возила на јавните површини да ги отстранат, а со тоа ќе дадат придонес за чист град и здрава животна средина, информира градоначалникот на Велес, Марко Колев.

14.04.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега