(ФОТО) Македонијапат: Дежурните екипи беа на терен и во текот на ноќта
ЈП Македонијапат извести дека дежурните екипи и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги одржат проодни за сообраќај.
Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.
„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби“, соопшти ЈП Македонијапат.
Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа од ЈП Македонијапат апелираат да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај, додаваат од ЈП Македонијапат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа