ФОТО: Џанлука прими втора доза на вакцина против коронавирусот - богатиот Италијанец ја соблече кошулата

 

Џанлука Ваки примил втора доза на вакцината против Ковид 19 во Белград во Халата 3 на белградскиот саем.

Италијанскиот бизнисмен е ревакциниран, а цело време бил насмеан и добро расположен. Инаку, друштво му правела неговата сопруга, манекенката Шерон Фонсека.

Đanluka Vaki, vakcinacija, Sajam

„Ви благодарам на добрата рабопта, мило ми е што сум овде и имам можност да бидам вакциниран. Се чувствувавме како дома, така ми беше и првиот пат. Покрај се што правам, јас сум и ди-џеј, па едвај чекам сите да славиме заедно кога пандемијата ќе помине и ќе направам концепт“, рекол Ваки.

Милионерот со приватен авион пристигнал во Белград каде го дочекал градоначалникот Горан Весиќ. Џанлука се појавил во бела, раскопчана кошула, што особено ги воодушеви жените кои со години се луди по Италијанецот.

„Шерон е Американка, во Италија немаше можност да прими вакцина. Мојата мајка е многу лошо, имаше рак и опреација, сакавме да бидеме безбедни“, додал Италијанецот.

Џанлука откри дека немал последици после вакцината, дека во Белгртад ќе остане на два дена, но и дека има српски корени. Имено, неговиот дедо има српски корени.

02.06.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега