Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
Денеска е формирана нова првостепена комисија за лекување во странство.
Дел од комисијата денеска беше на средба во Фондот за здравствено осигурување.
Комисијата брои седум членови и седум заменици, а ќе ја предводи д-р Игор Мерџановски од Клиничкиот центар.
Нејзиниот состав вклучува стручњаци од области како ортопедија, педијатрија, неврохирургија и други специјалности во кои најчесто се упатуваат пациенти на лекување надвор од земјата, соопштија од ФЗОМ.
Преку ФЗО, годишно над 250 осигуреници се лекуваат во странство, за што се издвојуваат повеќе од 5 милиони евра.
Надлежните институции упатуваат апел до сите осигуреници кои имаат потреба од ваков вид на здравствена услуга, најпрво да се обратат институционално, со цел постапката да се одвива согласно законските процедури и во интерес на навремено добивање соодветна здравствена заштита.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа