Фетаи се сретна со Филипиду - во фокусот јакнење на борбата против корупцијата
Заменик претсеателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, со која разговараше за можностите за соработка, информираат од неговиот кабинет.
Вицепремиерот Фетаи информирал за досегашната работа на кабинетот и за идните активности во областа на борбата против корупцијата, транспаретноста и обновување на соработката со невладиниот сектор.
Тој особено ја истакнал важноста за раководењето со Меѓуресоркото тело за координација на активностите против корупцијата и спроведување на Стратегијата за транспарентност.
Амбасадорката Филиподу, пак, изразила благодарност за досегашната соработка и подготвеност да се искористи инструментот ТАЕКС за јакнење на капацитетите на кабинетот за постигнување на приоритетните цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа