ФБИ на чекор до убиецот на Чарли Кирк: Пронајдена пушка и отпечатоци

 

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека пронашло пушка за која постои сомнеж дека му припаѓала на напаѓачот што го усмрти политичкиот активист и сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк.

Специјалниот агент Роберт Колс од канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити изјави дека покрај оружјето, истражителите дошле до уште неколку значајни траги.

„Покрај пушката, пронајдовме обувки, отпечаток од дланка и прсти, како и јасен отпечаток од подлактница. Дополнително, имаме и слика на осомничениот“, истакна Колс.

ФБИ отвори телефонска линија за граѓаните да доставуваат информации што би можеле да помогнат во идентификација и пронаоѓање на сторителот.

 

Првично, едно лице беше приведено под сомнение дека е директно поврзано со нападот, но по испрашување од страна на полицијата, беше пуштено на слобода. Одделот за јавна безбедност на Јута потврди дека двете лица кои беа накратко задржани не се поврзани со пукањето врз Кирк.

11.09.2025 - 17:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега