Еминем го тужи Мета

 

Издавачката куќа на раперот Еминем го тужи Мета за користење на стотици негови песни на неговите платформи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап без негова дозвола и бара отштета од 109 милиони долари.

Издавачката куќа на Еминем, „Ејт Мајл Стајл“, го обвини технолошкиот гигант за повреда на авторските права и бара 150.000 долари по песна, или повеќе од 109 милиони долари.

Во тужба поднесена во Мичиген, „Ејт Мајл Стајл“ тврди дека Мета поставила 243 песни на Еминем на повеќе платформи без дозвола, објави списанието „Пипл“.

Додаде дека снимките потоа биле користени без дозвола во милиони видеа и стримови, вклучително и преку „Рилс Ремикс“ и „Оригинал Аудио

Портпаролот на „Мета“ изјави дека компанијата сакала да постигне договор со „Ејт Мајл Стајл“ за користење на песните на Еминем, но дека тие одлучиле да поднесат тужба наместо да продолжат со преговорите.

Во тужбата, компанијата тврди дека Мета се обидела да ги добие правата за користење на песните на раперот, но била одбиена, според BFM TV.

05.06.2025 - 21:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега