Екссоветничката на Заев уште се мисли дали да поднесе оставка
Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата, но сеуште нема одговор на прашањето дали ќе си поднесе оставка. Таа смета дека треба добро да ја анализира целата ситуација пред да донесе одлука за истата.
- „Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е за интерпелација на Тања Чачарова-Илиевска на Судскиот совет, него упатува за интерпелација на Судскиот совет. Упатува на колективна одговорност. Јас кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална иако Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме, и зависно на секој засебен глас се носи одлуката“, рече Чачарова-Илиевска.
Додава дека по детална анализа ќе има одговор на прашањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа