Експлозија го потресе регионот: Фрлена бомба во познат белградски ресторан

 


Експлозивна направа рано утринава била фрлена на тераса на познат белградски ресторан во Топчидерски парк, пренесе Блиц.

Како што пренесуваат медиумите инцидентот бил пријавен во 4 часот и 10 минути утринава, а полицијата интензивно трага по сторителот.

Според првичните информации, оштетена е фасадата на зградата, како и стаклото од прозорците.

За среќа нема повредени.

Медиумите објавија дека рано утринава била фрлена бомба во ресторан во паркот Топчидер.

Иако во моментот на инцидентот во ресторанот имало обезбедување, за среќа нема повредени.

- Непознато лице фрлило експлозивна направа за која постои сомнение дека е бомба во ресторанот, поточно на терасата, каде што експлодирала и предизвикала штета. Во ресторанот имало обезбедување, но за среќа нема повредени. Известена е и полицијата која изврши увид на лице место, а истрагата е во тек - изјави претходно извор на Информер запознаен со случајот.

16.04.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега