Еден уставен судија има полициско обезбедување

 

Еден уставен судија има полициско обезбедување. Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Според изјавата на министерот, согласно проценките на АНБ било утврдено дека еден од нив има потреба од полициско обезбедување во пресрет на седницата во среда, кога Уставен ќе треба да одлучува за законот за јазиците. 

06.12.2024 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега