Еден телефонски повик остави скопјанка без 90.000 денари

 


Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден околу 11:00 часот била измамена од едно лице за сума од 90.000 денари. 

Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека за детето требало да се плати лекување. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место и по некое време сфатила дека била измамена.  

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

11.07.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега