Џенифер Лопез се посрамоти за сите пари- блесна во цветната комбинација, но заборави на еден важен детаљ

 

Џенифер Лопез со децении е моден пример за сите, а со својот младешки изглед постојано привлекува воздишки и покрај тоа што има 52 години.

Таа сега стана заштитно лице на брендот "Долче и Габана", за кој сними рекламна кампања во Венеција. Џенифер за време на посетата на Италија се дружела со Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц, а фоторепортерите постојано ја следеле.

За време на фотосесијата, пејачката за познатиот бренд облекла тесни хеланки со топ, додека на главата имала круна. Посебен детаљ била наметката со која го надополни изгледот и воедно воодушеви.

Но, токму таа наметка ја доведе во непријатна ситуација кога на интернет почнале да ја исмеваат поради етикетата која не ја извадила од ова парче облека. На социјалните мрежи се отвори дискусија за тоа дали има премногу цвеќиња на главата, а други се прашувале како ниту еден од телохранителите, кои биле 10, не го забележале овој пропуст.

30.08.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега