Џена Ортега за соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“: „Беше неверојатно“

 

Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа.

Иако нејзината улога се уште не е откриена, главната ѕвезда на серијата, Џена Ортега, не ја криеше возбудата поради можноста да соработува со Гага.

-Беше неверојатно, Гага е најдобрата. Таа дефинитивно е една од најталентираните луѓе со кои сум работела. Беше навистина посебно да се сподели сет со неа и Тим Бартон. Тоа се двајца луѓе кои навистина ги почитувам и кои ме инспирираа, изјави Ортега.

Таа реши да ги сподели и своите впечатоци за личноста на Гага.

-Многу е слатка, љубезна и малку повлечена, што е невообичаено. Ми се допаѓа што никогаш не знаеш што да очекуваш од неа, но секогаш можеш да сметаш на нејзината добрина и дарежливост, открива актерката.

Серијата „Wednesday“, спин-оф на култното „Семејство Адамс“, ја следи Среда Адамс додека се обидува да се вклопи во необичното средно училиште, да истражува мистериозни убиства и да се соочи со нејзините натприродни моќи. Првата сезона од серијата имаше огромен успех, а виралната танцова сцена на Среда Адамс дополнително го зацврсти нејзиниот статус.

Во втората сезона на серијата „Wednesday“, Кетрин Зета-Џонс се враќа како Мортиша, Луис Гузман како Гомез, Исак Ордонез како Пугсли, Ема Мајерс како Енид Синклер и Хантер Дохан како Тајлер Галпин, заедно со Џена Ортега.

12.03.2025 - 23:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега