Двегодишно дете тешко повредено во Ново Лисиче: Тротинет удрил во него, возачот избегал

 


Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје, по што лицето што го управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

05.06.2025 - 13:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега