Две лица пронајдени починати во своите станови во Скопје
На 20.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат И П.(52) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 20.06.2025 во 21.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во кој живеела како потстанар била пронајдена почината К.Ч.(77) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа