Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
На 11.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„10“, ул.„12“, ул.„Финска“ и ул.„Пролетна офанзива“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од Ш.М.(46) од с.Средно Коњари, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(29) од с.Инџиково, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.П., а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.П.(50) од с.Инџиково, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа