Две лица од Неготино и Кавадарци уапсени при рутинска контрола на полицијата

 


Две лица од Неготино и Кавадарци се лишени од слобода, кои своите возила ги управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, синоќа во 21:40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.

Во вториот случај, утрово во 01:10 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта.

Од МВР најавуваат дека по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

07.07.2025 - 11:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега