ДУИ: Злото што ја спречува иднината на Чаир ќе биде отстрането
Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба. Ова го велат денеска од ДУИ преку соопштение до јавноста.
- Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби. Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата. Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите. Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца, велат од партијата.
ДУИ додаваат дека надежта доаѓа.
- За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа