ДУИ за дискриминацијата при вработување во ЦУК: Раководителот е Албанец само по име, не и по дела

 


Демократската унија за интеграција јавно ги осудува дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и само 3 Албанци. Оваа институција се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако раководителот е само Албанец по име, но не и по дела. Кога менаџментот служи како етничка декорација за да се прикрие систематското доминирање на една етничка група во институциите, тоа веќе не е јавно раководење, туку извршување на политички наредби спротивни на јавниот интерес и етничката рамноправност, велат од ДУИ.

„ДУИ нема да молчи пред оваа политичка хипокризија, каде во име на „албанско претставување“, се прават валкани зделки за власт, а Албанците продолжуваат да бидат дискриминирани, дури и во институции што „формално“ се водат од Албанци, но во суштина ја газат рамноправноста и мултиетничкиот карактер на државата.

Ја потсетуваме јавноста: духот на Охридскиот договор не се исполнува со декоративни Албанци на раководни позиции, кои ги спроведуваат одлуките на антиалбански центри на моќ.

ДУИ нема да дозволи албанското претставување да се сведе на имиња и функции, додека резултатите се исклучување и политичка послушност.

Албанците не бараат милост, туку вистинска еднаквост. И ДУИ ќе биде и остане нивниот глас без компромис“, стои во соопштението од ДУИ.

18.06.2025 - 10:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега