ДУИ за систематската дискриминација: Албанците нема да молчат, ниту ќе се предадат

 

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за систематското исклучување на Албанците од државните институции, при што најновиот случај е Агенцијата за национална безбедност, каде од вкупно 41 вработени, само еден е Албанец.
 
Оваа отворена дискриминација веќе не е само политичка загриженост, тоа е удар врз еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата. Сите податоци што изминативе денови беа јавно објавени во врска со вработувањата и унапредувањата во институциите се вистинити и официјално потврдени од самите државни институции. Затоа, ниту клеветите, ниту обидите за дефокусирање не можат да ја покријат вистината што е јасна за сите: Албанците се исклучуваат!, велат од ДУИ.
 
„Наспроти оваа болна реалност, субјектите кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ молчат или живеат во паралелна реалност, одбивајќи да се соочат со вистината. Овој наивен и авантуристички пристап, покрај тоа што не носи ништо за Албанците, јасно покажува дека тие се заробени и во целост согласни со исклучувачката логика на нивните политички ментори.
 
ДУИ потсетува дека интеграцијата на Албанците на секое институционално ниво не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не може да се преговара ниту да се игнорира.
 
Албанците нема да молчат, ниту ќе се предадат“, стои во соопштението од ДУИ.
10.07.2025 - 12:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега