ДУИ: Владата промовира „Српски свет“ и руски наративи, директно се конфронтира со НАТО

 


Демократската Унија за Интеграција, остро реагира на последните хибридни активности на инсталациите на „Српскиот свет“ во Владата, кои јавно, и во целосен капацитет во името на Владата, ги промовираат и застануваа во одбрана на руските наративи во земјава: овој преседан преставува директно конфронтирање со позициите на НАТО и насоките содржани во декларации усвоени со консензус од страна на Советот на северноатлантската алијанса, за кои досега редовно гласаа и нашите претставници.

Имено, заштита од манипулациите и малигните руски влијанија се препознаени, идентификувани и потврдени од страна на НАТО како директна закана во процесот на политичко одлучување во земјите  членки, и кои директно го загрозуваат единството на алијансата; велат од ДУИ.

„Република Северна Македонија се има обврзано пред своите сојузници дека ќе ги стави на располагање своите алатки и капацитети во одбрана од овие влијанија, и дека ќе го спречи ширењето не само на сопствената територија, туку како партнер на сојузниците и во целиот регион на Западниот Балкан.

Вицепремиерот кој иронично е задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, и кој нарачува разрешување на Албанци од високи позиции во Администрацијата, очигледно ја има поддршката од Премиерот Христијан Мицковски за сите свои активности, нешто што претходно го видовме кога делеше жолти картони на Албанците кои ги посочува Стоиљковиќ дека се созреани да бидат разрешени од позициите во администрацијата.

Но за последниот инцидент, Стиљковиќ ја презентираше Владата застаната рамо до рамо со амбасадорите на Русија, Кина и нивни земји стратешки партнери, но и заедно со бројните домашни инсталации на српскиот и рускиот свет, а во одбрана на руската агресија врз Украина; 

Премиерот и во овој случај се појави во улога на релативизатор на овој опасен тренд, ставајќи се во заштита на неговиот миленик во Владата.

Оваа позиција на Владата преставува опасен преседан преку кој се врши „нормализација“ на промената на официјална политика на земјава, која треба да ја напушти јасната евроатланска ориентација и да се доближи до алтернативните центри на политичка моќ, предводени од Пекинг и Москва“, стои во соопштението од ДУИ.

15.06.2025 - 15:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега