ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

 

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на, како што велат, селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Писмото е адресирано до: Мајкл О’Флахерти, Комесар за човекови права; Клер Бази, Претседателка на Венецијанската комисија; Ливија Стоика Бехт, Извршна секретарка на ГРЕКО (Група на држави против корупција); Теодорос Русопулос, Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за скандалозно политички мотивирани истраги кои таргетираат само поранешни функционери, додека сегашни носители на функции – кои имале институционална надлежност речиси цела година пред трагедијата – се оставени надвор од секој процес.

Писмото адресира и директно вмешување на премиерот во обвинителството и самата истрагата, а во врска со приведувањето на ексминистерот Бектеши, се посочува на јавна парада и злоупотреба.

Европскиот фронт бара Советот на Европа да испрати независна експертска мисија за проценка на независност на истрагата; да иницира дебата во Парламентарното Собрание на Советот на Европа; да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството; да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.

Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и не смее да зависи од политичка припадност.

Селективната правда, како што велат од Европскиот фронт, го поткопува владеењето на правото и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.

 
29.03.2025 - 10:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега