Досега згрижени се над 100 деца: Општина Центар обезбедува летно згрижување за деца до 10 години во градинките

 


Општина Центар и ова лето обезбедува згрижување на деца од прво до трето одделение (до 10 години) во детските градинки на подрачјето на локалната самоуправа. Во моментот се згрижени над 100 деца во седум клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.

За упис потребни се апликација, доказ за вакцинален статус и фотокопија од лична карта како потврда дека детето е жител на Општина Центар.

„Наш приоритет е секое дете да добие квалитетна грижа, а родителите да имаат поддршка во текот на летото. Заради зголемениот интерес од страна на родителите, ја проширивме листата на објекти во кои се згрижуваат деца“, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Децата се примаат во седумте клонови: ЈУДГОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“ – клон Пинокио, ЈУДГОЦ „Кочо Рацин“ – Матичен, Бели Мугри и Наум Наумовски Борче, како и ЈУДГОЦ „13 Ноември“ – Матичен, Беко и Парк.

Поради големиот интерес, капацитетите на градинките се речиси исполнети, а останати се уште малку слободни места.

Во текот на летниот период, Општина Центар континуирано им излегува во пресрет на родителите со работни обврски, згрижувајќи ги повозрасните деца во градинките, каде што можат да се дружат и да се социјализираат, квалитетно поминувајќи го своето време.

25.06.2025 - 11:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега