Доаѓа студено време и први услови за снег во Скопје

 

Викендот кој е пред нас веројатно ќе биде последниот оваа година во кој ќе имаме сонце и пријатно време. Стартот на наредната работна недела ќе донесе прилично големи промени па наместо сонце, ќе имаме повеќе облаци и температури кои веќе личат на есенски.
Во текот на целата наредна недела температурите ретко ќе се искачуваат над 15 степени, а ќе има и денови со максимални 10. Времето ќе биде генерално облачно иако врнежи од дожд не се очекуваат. Поради облачноста утринските температури нема да бидат многу ниски и ќе се движат од 2 до 6 степени.
Претпоследната недела на ноември ќе ги даде и првите услови за снег. Некаде околу 20 ноември се очекува крај на сувото време и во овој период во вечерните или раните утрински часови можно е да ги видиме и првите врнежи од снег но без некои посериозни услови да се формира снежна покривка. Температурите ќе се движат од минус 3 до 5 степени.
Променливо време со услови за дожд но и малку сонце ќе имаме во последната недела од ноември.
Температурите ќе бидат релативно ниски, а утринските ќе одат и до минус 5 а максималните дневни нема да надминуваат 8 степени.

 

07.11.2024 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега